Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

Врв 4/12: Гоглин на Козјак (1197 мнв)

јануари 14 @ 06:00 - 19:00

За стара-нова година и Василица одиме на зимска тура по целото планинско било и срт на планината Козјак помеѓу Кривопаланечко и Кумановско на североистокот на Македонија да видиме хидрографски и историски знаменитости во овој предел. Започнуваме од селото П’клиште од каде во кружна насока се спуштаме до прекрасниот водопад Длабочица од каде повторно се искачуваме на планинското било и главниот срт на протегање на планината Козјак и пешачиме до нејизниот најјужен издаден врв Гоглин надвиснат над вештачкото Отошничко Езеро, каде ќе посадиме повеќе зимзелени садници.
Почетна точка: П’клиште, 07:00 h
Завршна точка: Отошница
Должина на патеката: 25 км
Вкупно времетраење: 8 часа пешачење
Тежина на акцијата: средна.
Задолжително носење на 2 литри вода и препорачливо носење и употреба на планинарски стапчиња и гамашни.

Поаѓање од Скопје: 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Пријавување и купување карти најдоцна до 11.12 во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот, петок од 19 до 21ч. и на состаноци во четврток од 19:30 Зоран Костадинов – 070 641 998, Марио Шарески – 071 216 066,

Цена на превоз: 450 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот).

Можност за Голема тура (со посета на водопадот) и Мала тура (само врв), при што двете ќе се спојат непосредно пред врвот, каде ќе има потрага по скриеното богатство со што ќе „откриеме“ еден многу занимлив објект и место.

Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

Заинтересирани: 57 лица

Детали

Датум:
јануари 14
Време:
06:00 - 19:00
Настан Категорија:
Настан Тагови:
,

Место

Otosnica
NULL
Otosnica, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/110354132324398