Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

Веливар, Дешат

август 13 @ 06:00 - 21:00

На 13.08.2017 (недела) во рамки на Планинарски предизвик „12 Врвови“, Планинарско Друштво Трансверзалец организира повторно искачување на еден од највисоките врвови предвидени во предизвикот – Веливар на планината Дешат, висок 2373 метри надморска височина. Акцијата е дел од проектот Планинарски предизвик “12 Врвови” кој беше девети врв за искачување во рамки на проектот.
Целиот ден го поминуваме низ најразновидна природа и најживописни глетки во густа букова и дабова шума, 3 леднички езерца: Локув и двете Требишки: Северно и Јужно Гашово Езеро, на дланка ги гледаме целиот Рекански крај со манастирот Св. Јован Бигорски, градот Дебар и Дебарското Езеро, целата Бистра со врвовите Карбула и Меденица, соседните високи врвови на Крчин и Кораб, одиме низ ливади преполни со секакви шарени цветови и бујни и студени потоци и извори, одиме на вистинско целодневно уживање.

Цена на превоз 600 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

Почетна точка: с. Битуше, 08:00 h
Завршна точка: с.Жировница
Должина на патеката: 20,1 км
Вкупно времетраење: 8 часа (4,5 часа искачување и 3,5 часа слегување)
Тежина на акцијата: средна
Поаѓање од Скопје: 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар) со можност за качување по Партизанска на: Градежен, Симпо, Хотел Карпош, City Mall, Влае, пекара Цујо – Ѓорче Петров.
Пријавување најдоцна до 10.08.17
Лице за контакт: Зоран Костадинов – 070 641 998.

Се замолуваат сите оние пријавени предизвикувачи на кои ова ќе им биде 3 освојување на врв од предизвикот, да се пријават за да добијат маица со логото на предизвикот, која следува како награда за 3 искачени врвови

Напомена: Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка подготовка како и да бидат подготвени за промени и импровизирање на теренот. Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност.

Пријавување и набавка на карти за превоз : најкасно 10.08.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260

Заинтересирани: 25 лица

Детали

Датум:
август 13
Време:
06:00 - 21:00
Настан Категорија:
Настан Тагови:
, ,

Место

Планинарско Друштво Трансверзалец
Metropolit Teodosij Gologanov 28/13
Skopje, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/763609160402163