Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

Simply The Best (Концерт по повод празникот „Василица“)

јануари 13 @ 20:00 - 22:30

12.01.2018 и 13.01.2018 – 20.00 ч.Традиционален концерт по повод празникот „Василица“
SIMPLY THE BEST
*Rock & Pop ’80s & ’90s

Македонската опера и балет ја продолжува традицијата. На 12 и 13 јануари (петок и сабота), 2018 г. ќе го одржи концертот по повод празникот „Василица“.
Оваа година концертот носи наслов „Simply the best“, односно, направен е избор од најдобрите поп-рок хитови од’ 80 и ’90-те години. Публиката ќе има можност да ужива во популарните: „ With or without you“; „Freedom“; „I drove all night“;„Listen to your heart“; „Simply the best“; „Every breath you take“; „I want to break free“; „Black velvet“ и многу други. Ќе ги исполнат популарните ѕвезди од македонската естрада: Александар Тарабунов; Горан Наумовски; Елена Петреска; Ана Мицковска; Александра Јанева; Ѓоко Танески; Арбен БЕНИ Шаќири; Дани Димитровска; Наташа Малинкова; Лена Заткоска, Даниел Дан, гостинот од Хрватска Бојан Јамброшиќ, како и оперските солисти Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.
Ќе ги придружува хорот и оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Почитувајќи ја традицијата на нашиот народ да ја прославува т.н. „Стара Нова година“, Македонската опера и балет го востанови овој концерт во 1993 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

Билетарница на МОБ: 02 3118-451
онлајн: www.mob.mk

Заинтересирани: 115 лица

Детали

Датум:
јануари 13
Време:
20:00 - 22:30
Настан Категорија:
Настан Тагови:
, ,

Место

Makedonska Opera i Balet – Macedonian Opera and Ballet
Kej Dimitar Vlahov b.b
Skopje, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/217216694956511