Вчитување Настани

« Сите Настани

Шарски Води 2018

јуни 23 @ 21:00 - јуни 24 @ 00:00

ПЛАНИНАРСКИ ВЕЛОСИПЕДСКИ МАРАТОН „ШАРСКИ ВОДИ“ 2018

Друштвото за планинарски спортови „Трансверзалец“ од Скопје на ден 24.06.2018 година (недела) организира Меѓународен Планинарски Велосипедски Маратон „ШАРСКИ ВОДИ 2018“ – спортска манифестација која е од рекреативен карактер.

Ве покануваме да земете учество на оваа спортска манифестација која ќе се одвива според следнава програма:

Старт: Планинарски дом „Смрека“ на Попова Шапка во 8,00 часот на 24.06.2018 г.

Патека: 75 км, со висинска разлика од 625 метри обезбедена со три контролни точки и обележана со патокази.

Цел: Вруток, Изворите на Реката Вардар. Отворена трка до 19,00 часот каде што ќе има културно забавна програма и за ручек гравче.

Стартен пакет за ШАРСКИ ВОДИ 2018

• 500 ден Котизација (донација од 50 ден.)

Пакетот вклучува:
• Карта, Стартен број и пакет производи, маичка со логото на настанот, маичка од Комерцијална банка, капче и попатни освежувања на контролните точки
*Ручек гравче на цел.

На Стартот освежување со Red Bull. Стартот ќе биде поставен пред Планинарски дом „Смрека“

Попатни контролни Точки со пултови за освежување со напитоци, житарици и други производи од спонзорите.

Онлајн пријавувањето во кое ќе наведете големина на маичка и приложување на меил за GPS рутата направете го овде:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdvCLndAJVoGE3oXgqTW7nxCspL4v8jBy4Pyfq1T7fXwoiXSg/viewform

Напомена: Подигањето на стартните пакети ќе се одвива во периодот до 22.06.2018 во просториите на ДПС Трансверзалец – Студентски Парламент пред студенсткиот дом Кузман Јосифовски Питу и во планинарски дом Смрека во сабота и недела, 23.6 и 24.6. Со самата уплата учесниците оставаат меил на кој ќе добијат GPS маркација на целата рута.

Уплата на коотизацијата е можна во просториите на друштвото или на жиро сметка: 300000000307817 Комерцијална Банка.

Превоз во недела: Од Скопје (Пошта- Железничка станица во 5,00 часот) до Попова Шапка и назад од Вруток до Скопје. Цена: 400 денари, заедно со велосипед.

Опрема: Добро опремен велосипед, алат, за гуми треба внатрешни резервни, пумпа и кацига.

Напомена: Право на учество има секој кој се чувствува здрав и способен за ваков предизвик и учествува на своја одговорност. Организаторот не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за непријавените учесници кои не ја платиле гореспоменатата партиципација.

За учество на овој маратон организаторот обезбедува:

– Организирано водење и обезбедена велосипедска патека
– Културно забавен дел на целта (ручек, планинарско гравче).

• Сите оние кои ќе сакаат да дојдат во сабота имаат можност за ноќевање во Планинарски дом „Смрека“ на Попова Шапка по цена од 200 денари или да постават шатори во рамките на дворот на домот бесплатно. Во сабота ќе се организира дружење во домот, прошетки до врвот Попова Шапка и Јелачки врв.

• Пријавување и плаќање до 15.06.2018 година (заради обезбедување на камион и автобуси).

Заинтересирани: 106 лица

Детали

Почеток:
јуни 23 @ 21:00
Крај:
јуни 24 @ 00:00
Настан Категорија:
Настан Тагови:
,

Место

Македонија
United States
Веб-страница:
www.facebook.com/9