Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

#ПочниСоВодно -Пелистерка за секого

август 17 @ 18:00 - 22:30

После летните одмори, идеме пак! На 17ти, ви нудиме забава со брендот Пелистерка која со нивните ледени чаеви ќе проба да не собере на врвот.
Со чисто срце можеме да кажеме, најдобрите чаеви со најмалку шеќер и полнети со природна вода. Дојдете, пробајте, па коментирајте.
Потпомогнати со прекрасна музика, ќе поминеме квалитетно време после работа. Температурите ќе бидат на врвот на термометарот а ние ќе бидеме на врвот на Водно…
———————————————————————–
Сѐ што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Понеси си ранец во кој ќе имаш 1л вода, шушкавец или тенка јакна и горен дел (маица/блуза) за да се пресоблечеш на врв. Секако, да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка. Пожелно е челна ламба или какво било светло кое ќе ти го осветлува патот.
И тоа е сѐ. За сѐ друго ќе се погрижиме ние.
Се дружиме секој четврток на Водно додека имаме убаво време или до почетокот на есенските дождови 😉
Не ја пропуштајте енергијата која владее горе.

——————————————————————————-

*** Планинарскиот дом на врв на Водно ќе биде отворен понесете си пари за чај / вода.

ВРЕМЕ И МЕСТО:
– Време на тргање 18:00 часот
– Место: OУ Кочо Рацин
– Враќање: најдоцна 22:30 часот – тргнување од врвот за надолу, симнувањето е по АСФАЛТИРАНИОТ пат

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Заинтересирани: 56 лица

Детали

Датум:
август 17
Време:
18:00 - 22:30
Настан Категорија:
Настан Тагови:
, ,

Место

Врв на Водно
Skopje, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/345236735511911