Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

Обука за јога учители сертификација од Yoga Alliance

април 7 @ 07:30 - април 20 @ 17:30

Драги Јогини,
Ве покануваме на Мегународно сертифицирана обука за јога инструктори водена од интернационално сертифицирано школо Holi Yoga од Америка, кое што има локација и на Гоа Индија. Обуката ќе биде организирана од страна на Боди Лидерс.

Holi Yoga International e светски признато школо од двете најголеми јога здруженија Јога Алијанса УК и Јога Алијанса УСА. http://holiyoga.com/
Управувано е од Габи Салтзман, Македонка која живее и работи во Америка и Индија. Габи практикува духовност цели 15 години, таа е јога учител со стекнат сертификат од интернационално школо на Гоа Индија кое што е лиценцирано од Јога Алијансата, енергетски терапевт, како и сертифицирана дула. (подршка на родилката). Габи секоја година заминува во Индија во ашрам, постојано патува насекаде низ светот, каде што се стекнува со духовни искуства.
За неа слободно можеме да кажеме дека е една позитивна јогина која зрачи со мудрост стекната од мистичната Индија, од каде што потекнува и Јогата. Габи ќе биде главниот предавач и организатор на оваа обука, преку која ќе се стекнете со светски признат серификат, со кој ќе може да работите насекаде во светот.

ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ ОД ОВАА ОБУКА:
– Сертификат за успешно завршена обука за јога учители од 200 часа
– Аштанга, Винјаса и Хата јога (пракса и теорија)
– Медитација и пранајама ( практична и теоретска настава)
– Јога филозофија, начин на живот и етика за Јога Учителите
– Анатомија и физиологија
– Методологија и техники на предавање
– Предавање за маркетинг и промоција на идните учители
– Оброци за времетраење на обуката
– Прирачник
– Скрипта со водени медитации
– Бесплатна работилница смеа јога
– Бесплатна работилница BARS
– Можност за вработување во Боди Лидерс

На оваа обука предавачите ќе ви пружат мотивација, инспирација и подршка во процесот на станување на Јога Инструктор. Во предвидените два месеци, Вие покрај тоа што ќе се запознаете со јогата, Вие ќе се и себеспознаете и себеоткриете на еден креативен и забавен начин преку древните техники на јогата. Ќе ги откриете Вашите лични способности и ќе бидете креатор на сопствената среќа. Слободно и без страв ќе се соочувате со животните предизвици, ќе ја зголемите самодовербата и способноста да се успее, како и да се живее животот потполно.

Обуката ќе започне на 03.03.3018, ќе се одржува секој викенд и ќе заврши на 07.05.2018.
Плаќањата се на рати, местата се ограничени.

За сите прашања може да ни се ообратите на 071 773-445, директно во инбокс,или пак на bodyleaders@gmail.com

~Доколку кога сте во тишина, некој глас Ви шепоти дека сакате да станете Јога Инструктор, значи дека треба да го направите првиот чекор 🙂 Конечно имате можност да го запонете вашето животно патување…

Заинтересирани: 13 лица

Детали

Почеток:
април 7 @ 07:30
Крај:
април 20 @ 17:30
Настан Категорија:
Настан Тагови:
,

Место

Body Leaders
Sava Kovacevic 47 g, lokal 5
Skopje, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/889378724432067