Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

Недела на книжевност од германското јазично подрачје во Или-Или

октомври 9 @ 09:00 - октомври 14 @ 21:00

Почитувани, овој месец во Скопје и низ останатите градови во Македонија можете да ги погледнете најновите остварувања од германската кинематографија, а ние од 09 до 14 во нашата и Ваша книжарница одиме во потрага по возбудливи книжевни приказни од германското јазично подрачје. На менито се книги на неколку автори од Германија, Австрија и Швајцарија, чиј матичен јазик, секако, е германскиот.
Да почнеме прво со асли Германците.

Со години наш и Ваш најчитан и најбаран автор е, секако, Бернхард Шлинк. За жал, збирката раскази „Бегства од љубовта“ и значајниот роман „Враќање дома“ се одамна распродадени, но затоа останатите наслови од овој автор се тука со убав попуст: „Читачот“, „Викенд“, „Гордиевата врвка“, „Летни лаги“ и засега последниот негов роман, „Жената на скалите“, никого не оставаат рамнодушен.

Откако во “Мерење на светот” домашните читатели препознаа несомнено прекрасен роман (книгата веќе одредено време е распродадена), го издадовме не помалку возбудливиот „Слава” кој претставува боцкава сатира на нашата современост, низ девет епизоди кои само на моменти се допираат една со друга. Кон крајот на минатата година продолживме да го следиме творештвото на супер талентираниот Даниел Келман, и го издадовме фантастичниот роман „Ф“.

“Бугати се појавува” на потентната Деа Лоер е дебитантски роман кој веднаш се најде во фокусот на доделувањето на германската книжевна награда во 2012 година, што е доволна провокација да се влезе во ова феноменално ексцентрично патување до крајот на светот, и назад. Пет години пред ‘Бугати’, “Растроена жена” на Јулија Франк и’ ја донесе токму споменатата ценета награда за најдобар роман од германското говорно подрачје, со што се промовираше уште една ѕвезда на германското книжевно небо. Марица Бодрожиќ, пак, исто така е книжевна ѕвезда во подем, која во својата книга „Црешовото дрво и старите чувства“ се навраќа на своето драгоцено детство на Балканот, од каде има пријатни спомени, но и неразјаснети тајни.

Најактуелна книга од германски автор оваа недела е неодамна излезената „Во камен“ на Клемес Маер, контроверзниот роман кој на несекојдневен начин ја поврзува индустријата на сексот со парадигмите на марксизмот. Ова е роман за проституцијата во еден голем, неименуван град во Германија, која започнува во 80-те години, во ерата на поделеноста на земјата, а продолжува сè до денешно време. Од сите книги, оваа е MUST READ!!! 

Соседната Австрија, пак, ни ги дава контроверзната Нобеловка од 2004 година, Елфриде Јелинек, која во “Алчност” влегува во најтемните одаи на човековата психа; тука е и филозофско-поетскиот роман “Последниот свет” на Кристоф Рансмаер, чија парабола “Можат да ги уништат уметниците, но не и нивната уметност” е главното мото на ова малечко ремек-дело на современата европска книжевност; и на крајот, неизбежниот Петер Хандке, и неговиот култен роман „Стравот на голманот од пенал“.

Од швајцарската книжевност ви го претставуваме Лукас Берфус, кој ни раскажува приказна од црниот континент, напнат трилер насловен “Сто дена”, вистинско книжевно патување во срцето на вистината. „Книгата на таткото“ на Урс Видмер, пак, е четиво за сложените семејни односи во која со сигурност ќе се препознаете.

Книгите и попустите изгледаат вака:

– Читачот – Бернхард Шлинк 299/200 (-33%)
– Викенд – Бернхард Шлинк 370/200 (-46%)
– Летни лаги – Бернхард Шлинк 390/250 (-36%)
– Гордиевата врвка – Бернхард Шлинк 250/200 (-20%)
– Жената на скалите – Бернхард Шлинк 299/240 (-20%)
– Слава – Даниел Келман 299/150 (-50%)
– Ф – Даниел Келман 390/250 (-36%)
– Бугати се појавува – Деа Лоер 299/200 (-33%)
– Растроена жена – Јулија Франк 420/250 (-40%)
– Црешовото дрво и старите чувства – Марица Бодрожиќ 299/200 (-33%)
– Во камен – Клемес Маер 420/300 (-29%)
– Алчност – Елфриде Јелинек 500/250 (-50%)
– Последниот свет – Кристоф Рансмаер 350/150 (-57%)
– Стравот на голманот од пенал – Петер Хандке 200/100 (-50%)
– Сто дена – Лукас Берфус 330/150 (-55%)
– Книгата на таткото – Урс Видмер 330/100 (-70%)

Наминете во ИЛИ-ИЛИ од 09 до 14 октомври, и збогатете ја Вашата домашна библиотека со актуелни европски наслови од германското јазично подрачје, со популарни цени кои се движат од 100 до 300 денари, плус книга ПОДАРОК!

Се гледаме 😉

www.iliili.com.mk

Заинтересирани: 43 лица

Детали

Почеток:
октомври 9 @ 09:00
Крај:
октомври 14 @ 21:00
Настан Категорија:
Настан Тагови:
, ,

Место

Книжарница Или Или
ул. Васил Главинов 3
Skopje, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/474957645943793