Вчитување Настани

« Сите Настани

Мовнатец, Даутица

август 19 @ 06:00 - 21:00

Настан Навигација

На 19.08.2017 (сабота) во рамки на Планинарски предизвик „12 Врвови“, Планинарско Друштво Трансверзалец организира повторно искачување на врвот Мовнатец на планината Даутица. Акцијата е дел од проектот Планинарски предизвик “12 Врвови” кој беше шести врв за искачување во рамки на проектот. Врвот
Врвот Мовнатец висок 1.571 мнв, се наоѓа над сeлото Маргари, во неговата околија е познатиот манастир „Свето Преображение“ над селото Зрзе како и Пештерата Змејовица. Наведените специфики во околијата на врвот Мовнатец ќе биде трасирани во акцијата.

Пештерата Змејовица се наоѓа високо на билото на западната падина на планината Даутица, веднаш над селото Крапа во областа Порече. Поточно, таа е сместена на највисокиот дел на западната падина на надморска височина од 1.410 метри, веднаш под самиот срт на планината Даутица помеѓу селото Крапа на запад, манастирот „Св. Преображение“ – Зрзе на југ и врвот Мовнатец над селото Маргари на исток.

Интересен и несекојдневен предел, не доволно истражен, вистински предизвик за сите планинари.

Легендата за пределот на Мовнатец и Кротеница вели дека Крале Марко тука минувал со коњот. Кога ќе поминел на Мовнатец, коњот му се намовнатувал (се наежувал), а на Кротеница, пак, се скротувал…

Детали за Акцијата:

Почетна точка: с.Крапа – 1.000мнв
Завршна точка: манастир „Св. Преображение“-Зрзе
Должина: 11 километри
Искачување: 573 метри до врвот Мовнатец
Времетраење: 5 (5,30) часа
Тежина на турата: средна

Напомена: спуштањето кон Зрзе е по тесна патека на многу стрмен и каменест терен потребно е внимателно движење во колона. Понесете челни ламби и батерии со посилен сноп светло, за оние кои сакаат да ја разгледаат пештерата Змејовица.

Исхраната е од ранец, вода најмалку 1,5л, облека и планинарска опрема според најавената временска прогноза, задолжително да се носат разгазени планинарски чевли, кабаница за дожд, по можност планинарски стапчиња.

Организираниот превоз од Скопје ќе чини 600 денари (100 денари за предизвикот) и тргнува од паркингот пред Пошта 2 (железничка) во 06:00 часот. Групата тргнува од село Крапа во Порече (опш. Македонски Брод) ги посетува врвот Мовнатец и пештерата Змејовица и завршува во Зрзе.

Турата е трансферзална со различен почеток и крај, патеката е обележеана (маркирана).

Информации: Зоран Костадинов – 070 641 998

Напомена: Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка. Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност.

Пријавување и набавка на карти за превоз : најкасно 17.08.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260

Заинтересирани: 13 лица

Детали

Датум:
август 19
Време:
06:00 - 21:00
Настан Категорија:
Настан Тагови:
, ,

Место

Планинарско Друштво Трансверзалец
Metropolit Teodosij Gologanov 28/13
Skopje, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/763609160402163