Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

Медитација магнет за љубов

април 17 @ 19:30 - 20:30

~Како што на телото му треба храна така на душата и треба медитација.~~~
Драги љубитители на медитацијата,
Со радост Ви ја најавуваме медитацијата МАГНЕТ ЗА ЉУБОВ. Бидете магнет за љубов 🙂

Кога ќе ја споменеме љубовта, веруваме дека таа како енергија (како чувство ) е најголем предизвик да ја почуствуваме, во ова динамично време на многу работа и обврски.

Исто така првата асоцијација за љубовта е партнерската љубов. Но ние на оваа медитација ќе се обидеме да станеме свесни, за тоа колку е битно најпрвин да ја освестиме љубовта кон себеси. Кога целосно ќе ја освестиме љубовта кон себеси, ќе можеме да подаруваме љубов но и да примаме љубов. На пример ќе им испратиме љубов на својте нозе се со цел да можат да идат напред во животот. Ќе го поминеме целото тело, на сите органи ќе им испратиме љубов.

Исто така ќе ја запознаеме љубовта кон спротивниот и кон сопствениот пол. Ќе ги запознаеме личностите од Вашиот живот кои ни се асоцијација за љубов, а ние притоа не сме биле свесни….

Ќе научиме како да станеме магнет за привлекување љубов на секое поле од животот. Како во работата, во семејството, во продавница, во приватниот живот да ја привлечеме љубовта.
Љубовта е најголемата емоција која може да ја достигне човекот – но ја имаат и животните.

Доколку сте расположени да го отворите срцето за ЉУБОВ, добредојдени сте на оваа медитација.

Добредојдени сте сите Вие кои медитирате, сакаате, и имате желба да медитирате. Медитацијата се изведува во лежечка или седечка положба.

Информации за уплата и пријави на: bodyleaders@gmail.com
(полно име и презиме и контакт телефон)
тел:071 773-445 (може и вибер)
Цена: 350 ден

* Валидна резервација со пријава на емаил и уплата на жиро сметка
*Местата се ограничени
Со радост ве очекуваме ! 🙂

Напомена: Ве молиме пристигнете 5 минути порано, се со цел да се задржи мирот и тишината за време на медитацијата.

Заинтересирани: 4 лица

Детали

Датум:
април 17
Време:
19:30 - 20:30
Настан Категорија:
Настан Тагови:
,

Место

Body Leaders
Sava Kovacevic 47 g, lokal 5
Skopje, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/889378724432067