Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

ЛУЗЕР ФЕСТ ★ 2017

октомври 23 @ 00:00 - 23:59

Конкурсот за пријавување за учество на Лузер Фест 2017 е ОТВОРЕН ДО 23-ти ОКТОМВРИ!!!
Одиме едноставно како и минатата година:
Ги повикуваме сите македонски млади и неоткриени бендови до 23-ти октомври 2017 да испратат 3 свои песни на конкурсот. За да се пријават на конкурсот, музичките групи или солисти треба во електронски формат да достават:
* три досега необјавени авторски песни (во кој било аудио формат),
* контакти,
* фотографија и
* кратка биографија на бендот и членовите.

Пријавите, најдоцна до 23-ти октомври 2017, треба да бидат испратени преку онлајн формуларот објавен на http://taksirat.mk/aplikacija-loser-fest-2017/
(или на и-мејл адресите info@password.mk и lina@password.mk).

Победникот на „Лузер Фест“ и оваа година ќе биде награден со снимање на својот прв студиски албум и негово објавување под капата на „Пасворд Продакшн“, а покрај главната награда, ТАКСИРАТ и годинава ќе ги вложи сите свои расположливи сили за поттик и промоција на најдобрите од новото издание на „Лузер Фест“ во рамки на музичките фестивали кај нас, во регионот и низ Европа.

Жирито е веќе на кондициони подготовки, се спремаат гласачките ливчиња за публиката и конкурсот е во тек!

ВАЖНО:
* „Пасворд“ ги задржува правата да објави компилација од сите групи кои ќе настапат за време на „Лузер Фест“;
* Пријавените бендови треба да достават свои досега необјавени и неиздадени снимки, а во спротивно ќе бидат дисквалификувани;
* „Пасворд“ има право да ги објавува пријавените песни од страна на изведувачите на своите социјални и асоцијални мрежи;
* Сите бендови кои ќе се пријават ќе бидат објавени, а селекцијата ќе се одреди по истекување на рокот за пријавување.

На ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ и оваа година се собираме за да го создадеме ЛУЗЕР ФЕСТ – најдругарскиот и најпозитивниот настан посветен исклучиво на промоција на новите, а сѐ уште неафирмирани музичари и музички групи од Македонија!
ВЕ ЧЕКАМЕ СО СНИМКИ!

Заинтересирани: 122 лица

Детали

Датум:
октомври 23
Време:
00:00 - 23:59
Настан Категорија:
Настан Тагови:
,

Место

Skopje
Skopje, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/111948225486063