Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

Китка во зимо

јануари 14 @ 07:00 - 20:00

Еднодневна организирана прошетка до планината Китка , планинарски дом Китка и врвот Красна 1.565 мнв. Турата ги задоволува сите зимските киретериуми за дружба, чист воздух и малку тренинг.
Патот е доста лесен и е погоден и за луѓе кои имаат некакви спортски активности а, не биле до сега на планина. За прв пат одиме на Китка во зима, за да ја видиме бајката која ја одсликува шумата во зима..

ОПИС НА ТУРАТА.
Планината е нешто повисока од Водно . Почетна точка е од 681 метар и се искачува висинска разлика од 1100 метри.
Должината на патеката е 15км . Поради тоа АКО имаме, ветувачкото време горе ќе се задржиме подолго за да апсорбираме витамин Д и да си ги зголемиме белите крвни зрнца.

Турата се категоризира како средно лесна.
Секој кој сака да ни се приклучи, еве шанса.

ЦЕНА за превоз за турата е 200ден.
Пријавување и информации најдоцна до сабота 13 Јануари 15:00 часот кај:
Хари ✆ 077 -743 599
Дејан ✆ 071-212 808

Пријавување и плаќање најдоцна до сабота 13 Јануари- 15:00 часот.
Плаќањето можете да го извршите на ж-сметка.
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

ПОАЃАЊЕ
Поаѓање од пред Пошта2 на Железничка Станица – Скопје во 07:00 часот.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА :
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , топла јакна, гамашни

ИСХРАНА :
Секој сам си носи исхрана од ранец , вода 1,5 л. суво овошје, сендвичи, жен шен , електролити

Екипата на I love Hiking group Macedonia не одоговара за тие што се дојдени во сопствена режија. (се мисли надвор од програмата и организацијата)

ПРАВИЛО:
(ова важи за тие што не се во групата или влечат сами напред).
Доколку се изгубите и не знаете каде да одите, треба да се чека групата, или пак доколку имате видено маркација пред да сфатите дека не сте на правиот пат, се враќате до маркацијата што сте ја одминале

НАПОМЕНА:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

Заинтересирани: 46 лица

Детали

Датум:
јануари 14
Време:
07:00 - 20:00
Настан Категорија:
Настан Тагови:
,

Место

Македонија
United States
Веб-страница:
www.facebook.com/9