Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

Inigo Kennedy // Hangar, Struga

јуни 15 @ 23:59 - јуни 16 @ 07:00

Иниго Кенеди претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име кое често можете да го сретнете во програмите на елитните техно храмови низ светот како: Fabric, Berghain, Bassiani, Tresor и сл.
Како музичар и продуцент, неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни, со каталог на изданија на водечките техно етикети како Token, Semantica и неговата сопствена издавачка куќа Asymmetric. Долгогодишното искуство и високите стандарди на селекција ги прават неговите сетови незаборавни патувања на подиумот.

На 15ти Јуни ке ја имаме честа да го проследниме неговиот тричасовен настап во Хангар, Струга
Доколку не сте го посетиле овој простор ве уверуваме дека доаѓате на најдобриот техно подиум во нашата Република.
Се гледаме наскоро!

Заинтересирани: 0 лица

Детали

Почеток:
јуни 15 @ 23:59
Крај:
јуни 16 @ 07:00
Настан Категорија:
Настан Тагови:
, ,

Место

N.U. Centar za kultura “Braka Miladinovci” – Struga
15-ti korpus
Struga, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/157806430925184