Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

Есенско собирање на донации – Веро Аеродром

октомври 15 @ 10:00 - 20:00

Навлегуваме во период од годината кога температурите значително се намалуваат и доведуваат до отежнато секојдневие на бездомниците и социјално загрозените лица.
Нивните потреби од храна, топла облека и останато се повеќе се зголемуваат, а достапноста до истите е се по ограничена.

За таа цел, во пресрет на нивните потреби организираме есенско собирање на донации во храна, средства за лична хигиена, средства за чистење, зимска облека и обувки, кебиња, постелнина и душеци. Истите ќе бидат наменети за бездомници, самохрани мајки, социјално загрозени семејства и поединци, вклучително и загрозените семејства од поплавениот Скопски регион.

ЕСЕНСКОТО СОБИРАЊЕ НА ДОНАЦИИ ќе се спроведува на четири локации во различни денови во текот на Октомври и Ноември. Следниот собирен пункт ќе биде активен пред:

ВЕРО АЕРОДРОМ 15.10.2017 (недела 10:00-20:00 часот

Апелираме до сите добронамерни луѓе, кои имаат желба да дадат дел од себе – да им помогнат на луѓето кои се во потреба, да се вклучат во овој настан преку донирање на работи од горенаведената листа.

За успешно спроведување на сите активности неопходно е вклучување на волонтери кои ќе дадат свој допринос. Минатогодишните есенски активности бевме сведоци на многу голем интерес на очество на младите, се надеваме дека нивниот број ќе биде поголем.

АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО да допринесеме за олеснување на секојдневието на нашите сограѓани на кои им е неопходна нашата помош.

ВАШИТЕ ДОНАЦИИ И ВКЛУЧЕНОСТ СО СИГУРНОСТ ЌЕ НАПРАВАТ ПОЗИТИВНА ПРОМЕНА ВО ЖИВОТИТЕ НА ОВИЕ ЛУЃЕ КОИ ИМААТ ПРАВО НА ПОДОБАР ЖИВОТ.

____________________

Ги замолуваме сите волонтери да одберат во кој(и) термин(и) би сакале да се вклучат, од понудените две опции за првиот настан во Аеродром.

Заинтересирани: 15 лица

Детали

Датум:
октомври 15
Време:
10:00 - 20:00
Настан Категорија:
Настан Тагови:
,

Место

Македонија
United States
Веб-страница:
www.facebook.com/9