Вчитување Настани

« Сите Настани

  • настанот помина.

Долг ден / A Long Day – ФФФ 2018

април 18 @ 21:30 - 23:10

ДОЛГ ДЕН (A Long Day / Yek rouz-e tolani, 2016)реж. Бабак Бахрамбејги / Babak Bahrambeygi (IR), 88 мин.

Откако се враќа во земјата по неколку години, Шахин престојува во кратка посета на родниот град и неочекувано е вмешан во една од бизнис-авантурите на неговиот брат. Се обидува да го продолжи својот пат кон решавање на проблемите, но се соочува со нови моменти што ја усложнуваат приказната. Филмот нè поставува пред моралната дилема на главниот протагонист: во комплексниот човечки свет понекогаш е тешко да се донесе одлука кога концептите на доброто и злото, моралното и аморалното не се целосно јасни, а хипокризијата и релативизирањето го изместуваат компасот на општите вредности и на поединецот и на општеството. Пред повторно да ја напушти земјата, каква одлука ќе донесе Шахин?

18 април (среда), 21:30 часот

————————————————————————————-
After returning to his country after a number of years, Shaheen visits his home town and unexpectedly becomes involved in one of his brother’s business adventures. He tries to go on his way to solving the problems but he finds new trials ahead of himself complicating things even further. The film places us in front of the moral dilemma of the main protagonist: in the complex human world sometimes it is hard to make a decision when the concepts of good and evil, moral and immoral aren’t clearly defined, and hypocrisy and relativisation blur the compass of the common values of both, the individual and the society. What decision will Shaheen take before he leaves the country?

Аpril 18 (Wednesday), 21:30

Заинтересирани: 8 лица

Детали

Датум:
април 18
Време:
21:30 - 23:10
Настан Категорија:
Настан Тагови:
, ,

Место

Кинотека на Македонија (Cinematheque of Macedonia)
Nikola Rusinski 1
Skopje, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/392561427425406