Вчитување Настани

« Сите Настани

Бесплатни јога часови за деца со аутизам

март 24 @ 18:00 - јули 28 @ 19:00

Јога е систем на физички вежби, употреба на техники за дишење и користење на визуелизација кои придонесуваат за подобрувањето на физичкото и менталното здравје на децата со аутизам и придонесуваат кон подобрување на целокупното живеење на целото семејство.Воедно јогата ги развива моторните вештини, ја подобрува довербата и социјалните вештини.Јогата обезбедува сензорна интеграција, обезбедува техники за справување со предизвикувачко однесување за децата и за родителите, ја зајакнува самосвесноста а воедно и го развива емоционалниот мозок. Јогата е уредна и доследена а со тоа се овозможува лесно следење и учење на вежбите и техниките за дишење.
Иновативноста на овие часови е употребата на сликовити распореди, објаснувања на вежбите со слики и видеа. Користењето на овие системи ќе обезбедат успешна комуникација со децата.
Програмата ја водат лиценцирани водители и лица со долгогодишно искуство во оваа област.

Водители: Магдалена Манева и Соња Малиновска асистент: Ирена Лозана
Прв термин: 24 март
Почеток во: 18:00
Траење на часот: 60 минути
Место: Бул. „Св.Климент Охридски” бр. 48, Скопје – Центар за здрава храна, ајурведа, јога и медитација
Влез: бесплатен
Информации и пријавување на 070 358 871 и 070 358 455,
е-меил: artoflivingmacedonia@gmail.com
Заради ограниченост на салата ве молиме да се најавите пред доаѓањето за да ви го резервираме местото и да ви дадеме понатамошни упатства кои ви се потребни.
Слободно споделете ја оваа информација со сите оние на кои им е потребна.

Заинтересирани: 3 лица

Детали

Почеток:
март 24 @ 18:00
Крај:
јули 28 @ 19:00
Настан Категорија:
Настан Тагови:
, , , ,

Место

Art of Living Bio Shop, Ayurveda, Yoga & Meditation Centar
bul. Kliment Ohridki 48
Skopje, Macedonia
Веб-страница:
www.facebook.com/1408121945981651